Ваучери за новороденчињата за почеток на одбележување на 61-от роденден на општина Кисела Вода

Со доделување на нови 30тина ваучери за новороденчиња од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, денес отпочна одбележувањето на шеесет и првата годишнина од постоењето на општина Кисела Вода кое, со низа случувања, ќе трае во текот на целата седмица.-Пред точно три години, на мое лично барање, како градоначалник, а акламативно поддржана од Советот, беше донесена Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова. Со задоволство можам да кажам дека досега имаме доделено 1472 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина- истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ потенцирајќи дека заложбите, за обезбедување на што подобри услови за најмладите жители на општината, ќе продолжат со засилена динамика.
-Во контекст на претходното, сакам да ве информирам дека една од активностите со кои ќе го одбележиме шеесет и едногодишниот јубилеј е отворањето на нова градинка во Пинтија, со капацитет да прими 80 до 100 дечиња. Ова е веќе трета, сосема нова градинка која ја отвораме и тоа на локации во општината каде досега воопшто немаше градинки, што за родителите претставуваше голем проблем. Воедно, интензивно работевме и ќе продолжиме да работиме на подобрување на условите во сите останати постоечки градинки и училишта, како и на многу други проекти кои имаат за цел да го подигнат квалитетот на живеењето во општина Кисела Вода-додаде градоначалникот на општина Кисела Вода.-Пред точно три години, на мое лично барање, како градоначалник, а акламативно поддржана од Советот, беше донесена Одлука за доделување на еднократ

Пронајдете не на следниве мрежи: