Во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање, денеска во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас, беа пуштени 1.500 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924).Одделението за туризам, при Секторот за ЛЕР, во своите – Програми за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје од 2008, до 2016 година, ја предвидува и реализира -Активноста-Порибување на водите во Р. Македонија, односно водите на реката Вардар и Треска и езерото Матка.
Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат овои специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.
Исто така, проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам.
На порибувањето присуствуваа претставници од Град Скопје, од Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и претставници од Министерсвото за животната средина и просторно планирање.По завршувањето на активностите за оваа година се планира проектот да продолжи и идната година и тоа со поголема масовност и вклученост на еден поширок регион.Одделението за туризам, при Секторот за ЛЕР, во своите – Програми за р