Изминатата 2015 година во Општина Битола беше успешна завршена за сите јавни претпријатија. Тоа се должеше на големиот број реализирани проекти кои беа планирани во нивните годишни програми.Комисијата за економија и финансии на ВМРО ДМНЕ ОК Битола направи пресек на нивната успешност и во кратки црти би ги издвоиле следните податоци на јавните претпријатие одделно за секое од нив.
ЈП Комуналец – Битола за 2015 го зголеми својот обем на работа заради се поголемата потреба за здрава животна средина. Ова јавно претпријатие во 2015 година ја зголеми својата акумулирана добивка на 8 925 792 денари или за 4 318 005 денари во однос на 2014 година. Што доволно зборува за успешното работење на ЈП Комуналец.
ЈП Водовод – Битола изминатата 2015 година ја заврши со позитивен финансиски резултат кој се должи на зголемените приходи за 2.37% во споредба со 2014 годинна како и од намалените расходи за 7.66%. Зголемувањето се должи на зголемениот физички обем на фактурираната реализација. Исто така во 2015 година изградени и реконструирани се водоводните линии во должина од 2 766 метри.
ЈП Нискоградба – Битола пак ги зголемило своите приходи за 17 219 927 денари во однос на 2014 година што пак директно влијаело и врз зголемувањето на добивката која за 2015 година изнесува 3 221 760 т.е зголемување од 1 082 415 година.
ЈП Пазари – Битола во 2015 година не само што ги оствари своите основни цели и задачи од планот туку истиот беше натфрлен за 7.7%. Вкупните приходи за 6% беа зголемени во однос на 2014 година. Со овие резултати се потврдува оправданоста на инвестициите во 2014 и 2015 година со реконструкција на павиљонот за продажба на овошје и зеленчук како и реконструкција на реон 4 во пазарот.
ЈП СИЗ Жабени – Битола измината 2015 година ја заврши со следните проекти кои се од големо значење
2800 директни вработувања во Германската Кромберг и Шуберт
Започнување со градба на домашната ДООЕЛ Спринг – Битола (фабрика за пелети и останати производи од дрво)
Турската компанија Челмак ја потврди инвестицијата за производство на приклучна земјоделска механизација
Отпочнување целосна реконструкција на железничката пруга од Битола до Кременица. Овој проект се очекува да заврши оваа година.
Комисијата за економија и финансии на ВМРО ДМНЕ ОК Битола направи пресек на
Пронајдете не на следниве мрежи: