Бидејќи противпожарната единица во Берово е опремена и на располагање има 3 противпожарни возила кои ги користи и едно кое не се користи, градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински имаше средба со претставници од Битолската фирма “Еко клуб“ со цел пренамена на ова возило во возило за зимско одржување на улиците и патиштата во општината.-Ние како општина сме обврзани да ги обезбедуваме улиците чисти и проодни во зимски услови за време на снег и разговарајќи и разгледувајќи фирми кои работат на оваа проблематика, фирмата “Еко клуб“ од Битола ни даде понуда и сметам дека денес со површинско гледање на возилото ќе најдеме техничка можност возилото да се преадаптира и општината да не се обврзува да распишува тендер за зимско одржување на улиците и да бара фирми кои не секогаш можат да одговорат на потребите на граѓаните во тешките и зимски услови, изјави градоначалникот Наџински.
Возилото кое е во возна состојба се очекува да биде репарирано со што ќе му се додадат елементи за зимско одржување на патиштата, додека се разговараше и за можноста за вградување на корпа за одржување на уличната мрежа во општината.
Илчо Василевски од “Еко клуб“ по разгледувањето на возилото изјави дека ова возило ги има можностите за преадаптација и истото ќе биде погодно за намената за која општината планира да го искористи.-Ние како општина сме обврзани да ги обезбедуваме улиците чисти и проодни во зимски услови за време на снег и разговарајќи и разгледувајќи фирми ко