Фестивал за креативни индустрии – Скопје креатива 2016

На денешната прес-конференција, којашто се одржа во Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска и Иван Мирковски, програмскиот организатор на овој настан, ги изнесоа деталите за отворањето и програмата на културните настани во рамките на овој фестивал, кој годинава од 9- 11 јуни ќе се одржува под мотото „Поврзиме со креативноста“–Hub Me Creativity!- Чест ми е и задоволство да Ви се обратам на оваa прес-конференција по повод одржувањето на уште едно издание на Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, којшто е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, а ќе се одржи од 9 до 11 јуни 2016 год., во Спортско-рекреативниот центар „Плаја Виста“ – каде што ја одржуваме оваа прес-конференција. Градот Скопје во својата програмска определба во последните 5 години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање нови активности за развој и поттикнување на креативните индустрии, меѓу кои, секако, големо место зазема и организирањето на фестивалот „Скопје креатива“. Програмата на Град Скопје за развој на креативните индустрии опфаќа активности чијашто цел е да се поттикнат индивидуалната креативност, вештина и талент, а чиишто потенцијали и производи може да создадат економска придобивка и да отворат нови работни места развивајќи ја притоа и креативната економија, како нов сегмент и во бизнис секторот и во културата. Стремејќи се кон добивање на епитетот и статус на креативен град, Градот Скопје во соработка со претставниците на креативната и уметничката заедница ќе продолжи да ја остварува целта што беше потцртана, а тоа е да се создаваат просторни и организациски услови за работата и дејноста на креативниот сектор. За реализацијата на овој фестивал, Градот Скопје, од својот буџет за 2016 година, издвои средства во висина од 2.500.000 денари. Задоволство ми е, што фестивалот, секоја година, сé повеќе расте и созрева и почнува да се етаблира и во меѓународни рамки, за што говори и учеството на светски познати дизајнери од Европа, на кои им пожелувам срдечно добредојде и пријатен престој во нашиот град и во Република Македонија. Сакам да ја искористам оваа можност и да ги поканам сите претставници на бизнис секторот ревносно да ја следат фестивалската програма и да се отворат за сите добри идеи за проектни иницијативи, соработки и комерцијални можности во партнерство со креативните дизајнери и уметници кои се дел од петтото издание на Скопје креатива 2016, истакна градоначалникот Трајановски на конференцијата за медиуми.
Под мотото „Поврзи ме со Креативност“ во претстојните три фестивалски денови ќе имаме можност да ги проследиме настапите и искуствата на реномираните гости од Европа – Карл Малмвал, Хајдулф Гернгрос, Полигон Словенија, Ана Лишч, Викториа Новак, Ренета Георгиева …македонските дизајнери и уметници, Доминиум, Лудус, Нина Нинеска… ФДУ, Архитектонски факултет, Европски факултет, Универзитетот Аристотел од Солун, Американ колеџ, Факултетот за архитектура и технолошки развој од Приштина и др. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настаните од програмата: филмски проекции, видео перформанси, изложби, презентации, стручни работилници…
Оваа година на Скопје Креатива 2016, учество ќе земат дизајнери на 33 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. За прв пат ќе учестуваат 16 домашни излагачи избрани на јавен повик, презентирајќи се со свои лични проекти кои се наменски насочени запазувајќи ја природата на Фестивалот. Дел од Фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни – кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Секако неизбежен дел од забавната програма се и нашите музички гости – групата ТИ (Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на Диџеј Адо и Диџеј Шурбе, задолжени за вечерна забава на фестивалската публика- изјави Вера Бошковска.
Иван Мирковски, програмскиот организатор на овој настан посочи дека обединувањето на локалната креативна сцена е круцијален градив сегмент на градското интелектуално милје. Создавањето платформа преку која ќе се афирмираат креативните умови е метод кој има за цел пред сè да оформи цврст терен за размена на идеи. Градот Скопје веќе петта година покажува сериозен потенцијал во доменот на кративните индустрии кој преку широк спектар на учесници и програма го втемелува фестивалот Скопје креатива како „hub“ на креативноста и Ве поканувам да бидете дел од Скопје и да бидете дел на Скопје креатива.
Овој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер и сите заинтересирани ќе можат да учествуваат во работиниците, а настаните се бесплатни.- Чест ми е и задоволство да Ви се обратам на оваa прес-конференција по повод одржувањето на уште едно издание на Фестивалот за креативни индустрии

Пронајдете не на следниве мрежи: