Запишани 102 првачиња во двете основни училишта во Општина Берово

Општинските основни училишта од Општина Берово го завршија запишувањето на  дечињата кои до крајот на 2016 година ќе наполнат 6 години и кои според законските одредби во учебната 2016/2017 година ќе бидат првачиња.По завршувањето на уписниот рок кој траеше до 1 јуни, бројот на првачињата во споредба со претходната учебна година е речиси на исто ниво и запишани се вкупно 102 првачиња за учебната 2016/2017 година.
За учебната 2016/17 година во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ запишани  се 82 првачиња од кои 50 во централното училиште во Берово, 6 во Митрашинци, 4 во Будинарци, 4 во Ратево, 4 во Смојмирово, 4 во Владимирово и 10 во Двориште.
Во претходната учебна година во беровското основно училиште заедно со подрачните училишта беа запишани 94 првачиња.
Во ООУ “Никола Петров Русински“ во Русиново запишани се 20 првачиња додека бројот на запишани првачиња во претходната учебна година беше 12 ученици.По завршувањето на уписниот рок кој траеше до 1 јуни, бројот на првачињата во споредба со претходната учебна година е речиси на исто ниво и запишан

Пронајдете не на следниве мрежи: