Училиштата во Општина Берово подготвени за екстерното тестирање на учениците

Општинските училишта во општина Берово ги прават последните подготовки за екстерното тестирање за ученици во учебната 2015-2016 година кое ќе се одржи на 7-ми и 10-ти јуни.Тестирањето ги опфаќа сите ученици од IV до IX одделение во основните училишта со што во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово ќе се тестираат 564 ученици во кои се вклучени и учениците од подрачните училишта од Двориште, Ратево, Владимирово, Смојмирово, Мачево, Будинарци и Митрашинци кои ќе се тестираат во централното училиште во Берово, додека во ООУ “Никола Петров“ Русински се опфатени 94 ученици.
Во ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово екстерно ќе бидат тестирани 352 ученици од I до III година додека полагањето на испитите од државната матура за матурантите во јуни ќе се одвива во следните термини:
Екстерни испити:
Македонски јазик и литература – 04 јуни 2016, 10 часот
Математика – 09 јуни 2016, 10 часот
Странски јазици (Англиски, Руски, Француски, Германски) – 13 јуни 2016, 10 часот
Естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис – 15 јуни 2016, 10 часот
На влезовите на сите училишта, училишната комисија за екстерно тестирање веќе ги има истакнато распоредите за тестирање за учениците, додека во текот на наредните денови ќе бидат истакнати и предметите по кои ќе полагаат учениците.Тестирањето ги опфаќа сите ученици од IV до IX одделение во основните училишта со што во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово ќе се тест

Пронајдете не на следниве мрежи: