Вечерна настава во општина Кисела Вода

И оваа година, општина Кисела Вода во соработка со Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко” организира вечерна настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале. Програмата која во следната учебна година треба да овозможи описменување и дооформување на образованието, ќе се реализира преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода.
Наставата ќе биде комплетно бесплатна и ќе се одвива во вечерните часови во училиштата на територија на општина Кисела Вода. Бесплатни ќе бидат и книгите и училишниот прибор што е неопходен за одвивање на наставата.
Уписите за оформување на образовните групи, во моментов се во тек. Лицата кои се заинтересирани за дооформување на образованието е потребно до Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко”, до општина Кисела Вода или до месните заедници на ниво на општината, да достават извод од матична книга на родените, лична карта, свидетелство за последно завршено одделение, а за лицата помлади од 15 години е потребно мислење од стручно лице.Наставата ќе започне на 1 септември, годинава.Програмата која во следната учебна година треба да овозможи описменување и дооформување на образованието, ќе се реализира преку Секторот за локален

Пронајдете не на следниве мрежи: