Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска оствари средба со претставниците на АКУД „Мирче Ацев “ и фолклорното друштво „Етнос“. Повод за денешната средба, беше неодамнешниот успех на нашите амбасадори на културата, кои освоија две први места на Првиот меѓународен фолклорен фестивал – „Џивџан фест“, кој се одржа минатата недела во Врњачка Бања, Р. Србија.Од вкупно 14 екипи кои учествуваа на фестивалот, АКУД „Мирче Ацев“ ја освои првата награда во категоријата „севкупен победник“, а фолклорното студио „Етнос“ го освои првото место, за најдобра фолклорна кореографија. Двете фолклорни друштва функционираат на територија на општина Карпош, па токму затоа локалната самоуправа беше покровител на нивното учество на меѓународниот фестивал. Во пригодна атмосфера, фолклористите горделиво му ги покажаа златните трофеи на градоначалникот Јакимовски и му ги пренесоа позитивните импресии од гостувањето во соседна Србија.
Од вкупно 14 екипи кои учествуваа на фестивалот, АКУД „Мирче Ацев“ ја освои првата награда во категоријата „севкупен по