Над две илјади учесници на манифестацијата „Прв до врв 2016“

Повеќе од 2 илјади спортисти и рекреативци зедоа учество во овогодинешното издание на најмасовниот планински настан во Македонија „Прв до врв 2016“, којшто се одржа денеска /22.05.2016 година, недела/ на планината Водно.И оваа година за сите учесници во оваа манифестација беа предвидени голем број на активности и настани. Во натпреварувачкиот дел оваа година се одржаа поголем број на трки, како што се трките во планинско трчање, планинарење, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
Дел од наградите за најдобрите натпреварувачи во трките ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
– Ми претставува задоволство што оваа прекрасна спортска манифестација од година во година станува се помасовна, за оваа четврта година од нејзиното постоење, на истата да учествуваат рекордни над 2.000 учесници. Честитки до сите учесници и победниците, како и до организаторите на „Прв до Врв 2016“, а Градот Скопје и во иднина ќе продолжи да ја помага оваа одлична спортска манифестација – кажа градоначалникот Трајановски.И оваа година за сите учесници во оваа манифестација беа предвидени голем број на активности и настани. Во натпреварувачкиот дел оваа година се одр

Пронајдете не на следниве мрежи: