Течат градежните активности за изградба на ул.„20“ во населбата Ширината во Берово

Течат градежните активности за изградба на ул.„20“ во населбата Ширината во БеровоСо започнувањето на градежната сезона, во Берово продолжи реализација на проектот преку кој ќе се пробие и изгради улицата “20“ како еден доста значаен проект за жителите од овој дел на Берово во населбата “Ширината“.
Фирмата изведувач моментално работи на расчистување и ископ на земјена површина на трасата по која ќе биде изградена улицата во должина од 580 метри.
Коловозната лента од улицата ќе биде асфалтирана во широчина од 6 метри со асфалтен слој АБ11 со дебелина од 5 сантиметри кој ќе биде вграден врз асфалт битуменски носив слој БНС 22 со дебелина од 6 сантиметри и тампонски слој од дробен камен со дебелина од 30 сантиметри.
Изградбата на улицата предвидува и тротоарски површини од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри, како и решавање на одводнувањето на атмосферските води.
За реализација на овој проект градоначалникот општина Берово истакна дека ќе се издвојат околу 12 милиони денари.Со започнувањето на градежната сезона, во Берово продолжи реализација на проектот преку кој ќе се пробие и изгради улицата “20“ како ед

Пронајдете не на следниве мрежи: