Започна реализацијата на проектот за реконструкција на влезната улица во Митрашинци

Иако советниците од СДСМ беа против реконтрукција на влезната улица во Митрашинци и не дадоа согласност за аплицирање со овој проект до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, градоначалникот на општина Берово сепак изнајде решение и средства за реализација на овој проект, известуваат од општината.Со 10 милиони денари обезбедени од страна на АФПЗРР преку апликација од Центарот за развој на источниот плански регион, и околу 6 милиони денари сопствено учество на општина Берово започна реализацијата на уште еден капитален проект од огромно значење на територијата на општина Берово, а пред се за жителите на Митрашинци.
Преку реализацијата на овој проект, влезната улица ќе биде реконтруирана во должина од 1253 метри и од досегашните 3 метри истата ќе биде проширена на 5 метри асфалтна конструкција со изградба и на банкиони од двете страни на патот.
Моменталната состојба на улицата создава потешкотии во одвивањето на сообраќајот на истата бидејќи асфалтниот слој е доста оштетен, а банкините се во многу лоша состојба.
Реализацијата на овој проект е планирана да заврши во наредните неколку месеци.Со 10 милиони денари обезбедени од страна на АФПЗРР преку апликација од Центарот за развој на источниот плански регион, и околу 6 милиони денари со

Пронајдете не на следниве мрежи: