„Паруца“ и „Дамјан Груев“ опфатени во проектите за реконструкција на улици во Берово

Покрај постапката за избор на најповолен изведувач на проектот за изградба на улицата Балканска во Берово, во тек се постапки за избор на изведувачи за уште два проекти од патната инфраструктура во општина Берово.Преку овие два проекти, реконструирани и изградени ќе бидат дел од ул.Дамјан Груев и ул.Паруца во Берово со која ќе биде опфатен и паркингот пред станбената зграда на ул.“Моша Пијаде“.
Реализацијата на проектот за изградба на дел од ул.“Дамјан Груев“ го опфаќа кракот покрај градските гробишта во Берово каде улицата ќе биде изградена во должина од 100 метри во широчина од 6 метри и изградба на тротоарски површини од двете страни со широчина од 1 метар.
Пристапот на улица “Паруца“ од улица “Маршал Тито“ до паркингот за колективната стамбена зграда на ул.Моша Пијаде опфаќа асфалтирање на улицата во во должина од околу 160 метри во променлива широчина од 2,5 до 3,5 метри и асфалтирање на паркинг просторот пред стамбената зграда.
Почетокот на реализацијата на овие два проекти е со завршувањето на постапката за избор на изведувач, а истите се дел од најавените инфраструктурни проекти од страна на градоначалникот на општина Берово, кој истакна дека градежната експанзија од претходните години продолжува и во оваа 2016 година.Преку овие два проекти, реконструирани и изградени ќе бидат дел од ул.Дамјан Груев и ул.Паруца во Берово со која ќе биде опфатен и паркингот пред с

Пронајдете не на следниве мрежи: