Сите игралишта за дечињата од Ѓорче Петров ќе бидат реновирани

Граѓаните од населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров денес при посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваа за дел од проблемите со кои се соочуваат.Жител на населеното место побара обнова на детските игралишта кои се веќе изградени, да се реновираат бидејќи се руинирани при користењето.
-Сите игралишта ќе бидат реновирани во Ѓорче Петров со отворање на летната или пролетната сезона. Имаме фирма избрано. Ги носат лулашките, се фарба и средува. Детските игралишта ќе бидат завршени до крајот на април, рече градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Во ова населено место расте наталитетот, па поголем број на дечиња има потреба од вакви игралишта за деца.Жител на населеното место побара обнова на детските игралишта кои се веќе изградени, да се реновираат бидејќи се руинирани при користењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: