Со црвено-бели мартинки, Општина Кисела Вода го одбележа празникот Ксантика

Општина Кисела Вода и оваа година ја продолжи традицијата за одбележување на празникот Ксантика – празник на вековна традиција за славење на радоста, светлината, чистотата и будење на природата.Во одбележувањето на овој првомартовски традиционален вековен македонски празник, учество зедоа дечињата од детските градинки и основните училишта во општината кои на присутните и случајните минувачите им делеа црвено – бели исплетени мартинки за кои се верува дека носат среќа.
Денешниот настан, организиран од страна на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, кој се одвиваше во сите паркови низ општината, дечињата го имаа збогатено со со песни и ора, како и со различни изработки во повеќе ликовни техники.
Тие со преку 1000 мартинки, исплетени од волница, на присутните им го разубавија денот и им ги навратија спомените од детството. Според народното предание, се верува дека двете бои на мартинките имат и своја симболика, белата боја ја симболизира чесноста и искреноста, а црвената светлината и љубовта во животот.
Почнувајќи од 1 Март, па се до расцветувањето на првото дрво тие се носат како алки, се прикачуваат на облеката, се носат како приврзоци, а потоа, се верува дека треба да се закачат на првото расцветано дрво со желби за добро здравје и љубов.Во одбележувањето на овој првомартовски традиционален вековен македонски празник, учество зедоа дечињата од детските градинки и основните училишта

Пронајдете не на следниве мрежи: