„Комуналец“ постави нов цревовод во Слепче

Честите, многубројни и скапи дефекти што се случуваа на дел од потисниот цревовод, од резервоарот до таканаречениот воздушен вентил во Слепче, ги принудија демирхисарските комуналци, со сопствени средства да се зафатат со целосна реконструкција. Ископаа нов канал и положија ново, висококвалитетно потисно водоводно црево во должина од 135 метри и изработија нова шахта со фасонски делови.- Моравме да го решиме овој проблем бидејќи, заради лошиот и несоодветен квалитет на постојното потисно водоводно црево, се случуваа многу дефекти коишто го отежнуваа водоснабдувањето на сите потрошувачи што се поврзани на градскиот водовод. Паралелно со овој зафат го решивме и проблемот со задолжително исклучување на целата мрежа при секој дефект во Слепче. – вели директорот Пецо Наловски кој додава дека, отсега, при отстрснувањето на сите евентуални дефекти во водоводната мрежа во Слепче, не ќе мора да се прекинува водоснабдувањето на останатиот дел од потрошувачите од градот Демир Хисар и населените места Суводол и Кутретино.
Целиот зафат кој што се проценува да чини и до 200 илјади денари, со сопствени средства го финансира „Комуналец“.- Моравме да го решиме овој проблем бидејќи, заради лошиот и несоодветен квалитет на постојното потисно водоводно црево, се случуваа многу дефекти

Пронајдете не на следниве мрежи: