Дваесет нови фасади во Карпош

Локалната самоуправа, во полн ек, работи на обновување на фасадите во Општината. Во тој контекст, денеска, градоначалникот Јакимовски ја презентираше новата фасада на улицата Јуријг Гагарин, која е првата зграда од најавените три кули во истиот ред на оваа улица.-Одлучивме да започнеме со реконструкција на фасадите на зградите долж булеварот Теодосиј Гологанов, од левата страна, односно на улицата Јуријг Гагарин. Започнуваме со фасада на зграда 25 и 35 и продолжуваме по должината од левата страна. Граѓаните добиваат термо изолирани фасади со тоа што зградите се енергетско ефикасни, а најголем дел од станарите ги заменија и прозорците, со што се менуваат и окапниците, каде се добива едно естетско и термичко решение за наредните 20 години. Досега се реконстурирани шест станбени објекти, а ова е седма зграда по ред – истакна Јакимовски.
Инвестицијата на овие две згради е 8.600.000 денари. Општина Карпош ќе продолжи со реализација на термички фасади во делот на населбата Козле како и долж булеварите Илинденска и Партизанска.
-Наредните 20 згради кои се планираат да се реконструираат се оние во должината на булеварите Илинден и Паризански Одреди, која активност ќе ја најавиме во наредните 40 дена. Оваа година од буџетот на Општина Карпош одвоивме повеќе средства, затоа што гледаме дека има голем интерес кај граѓаните и во исто време, го збогатуваме и разубавуваме урбаното живеење во оваа Општина – заврши првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.-Одлучивме да започнеме со реконструкција на фасадите на зградите долж булеварот Теодосиј Гологанов, од левата страна, односно на улицата Јуријг Га

Пронајдете не на следниве мрежи: