Потпорен ѕид на Ободниот канал во с.Спанчево

Општина Чешиново-Облешево спроведе тендерска постапка за -Изработка на потпорен ѕид над Ободниот канал во с. Спанчево (2-ра фаза).Ободниот канал во с. Спанчево се наоѓа во непосредна близина на училитето.
Потпорниот ѕид ќе биде изграден со должина од 40метри и висина од 2 метри.
Средствата потребни за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Чешиново-Облешево.
Вкупната вредност на проектот изнесува 244.050,00 денари (без пресметан ДДВ).
На Јавното отварање кое се одржа на 13.01.2016 год., во 12.00 часот во општина Чешиново- Облешево , беше избрана Фирма изведувач на работите , односно 2-рата фаза од потпорен ѕид на Ободниот канал во с. Спанчево ќе биде изведена од „Прима Градба “ ДООЕЛ Штип.
На Почетокот на 2015 година беше реализирана првата фаза за изработка на потпорен ѕид , односно беше изграден ѕид со должина од 30метри и висина од 2 метри.Фирма изведувач на работите исто така беше “Примаградба“ од Штип.Ободниот канал во с. Спанчево се наоѓа во непосредна близина на училитето.
Потпорниот ѕид ќе биде изграден со должина од 40метри 

Пронајдете не на следниве мрежи: