Годишно обраќање на Градоначалникот на Општина Ресен

Денеска во малата сала на Општина Ресен пред вработените во Локалната Самоуправа како и пред други преставници на локални институции Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски имаше традиционално годишно обраќање посветено на предизвиците и успесите кои во своето работење беа имплементирани на тариторија на општина Ресен од страна на Локалната самоуправа.Градоначалникот Стрезовски во своето детално и прецизно обраќање изминатата година ја оцени како успешна во работењето на Општина Ресен при што потенцира дека во изминатиот период општината реализира повеќе десетици проекти од делот на патната и комунална инфраструктура, турзмот и економијата, спортот и културата , социјалната заштита како и заштитата на животната средина.
Во однос на очекувањата кои се пред општината за 2016 година , Градоначалникот стрезовски најави реализација на проекти во повеќе сфери на општественото живеење при што како поважни ги потенцира:
– На почетокот од годината ќе започне реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на градскиот водоводен систем со замена на постојните азбестни цевки
– Во текот на првиот квартал од 2016 година ќе започне реализацијата на проектот за реконструкција, надградба, модернизација и одржување на системот за улично осветлување во Преспа, со замена на сите над 2000 живини и натриумови светилки со нови современи ЛЕД-диоди
– Обезбедени се средства за реализација на проектот за партерно, хортикултурно и канделабриско уредување на дел од улицата Мите Богоевски во центарот на Ресен
– Во текот на првата половина од наредната 2016 година ќе се реализира проектот за целосна реставрација на просторот Починалиште околу СОУ Цар Самоил
– Со веќе обезбедени средства комплетно ќе се осветлат со современи канделабри клучките кај ТН Претор и кај ТН Крани
– Со средства обезбедени од Светтска банка, во текот на наредната година целосно ќе се реконструира водоводниот систем во Сливница, ќе се изградат 5 нови улични системи во Долно Дупени и ќе се постави современо канделабриско осветлување во Царев Двор
– Во текот на идната година се очекува довршување на изградбата на системот за фекална канализација во Дрмени, на плажата во Сливница и на Спомен-куќата на Татарчеви
– Во текот на идната година се очекува и започнување на активностите за изградба на нова современа плажа во ТН Претор, како и реализација на проектот за поврзување на ТН Претор со ТН Сливница и Крани со пешачко, велосипедска патека
– Во текот на 2016 година ќе продолжи континуитетот на изградба на детски забавни паркови во урбаните и руралните заедници, како дел од проектот за култивирање и облагородување на новоникнатите диви депонии
– Во тектот на идната година ќе се одржи континуитетот на асфалтирање и реконструкција на локални патишта и улици низ Преспа, а ќе бидат изградени и нови околу 2000 м2 тротоарски површини во градот
– Нема да изостанат ниту активностите околу санирањето на ударните дупки на локалните патишта и улици, а се очекува и реализација на проект за подобрување на системот за водоснабдување во ресенската населба ПролетГрадоначалникот Стрезовски во своето детално и прецизно обраќање изминатата година ја оцени како успешна во работењето на Општина Ресен при што пот

Пронајдете не на следниве мрежи: