четврток, 12 ноември 2026
Најново

Упад во Министерството за одбрана во Атина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе десетици работници на едно бродоградилиште упаднаа во четвртокот во зградата на Министерството за одбрана во центарот на Атина , затоа што со месеци не зеле плата, а редовно извршуваат работи за војската. 

Демонстрантите ја провалиле вратата и влегле во дворот на воениот комплекс, а потоа го блокирале главниот влез во зградата на Министерството за одбрана.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Бидејќи војниците кои ја обезбедуваат зградата не можеле да ги сопрат работниците, а началникот на генералштабот генералот Михалис Костаракос  не успеал да ги убеди работниците да излезат од воениот комплекс, на помош е повикана специјалната единица на полицијата.

Работниците не сакале да се повлечат ни по доаѓањето на полицијата и набрзо дошло до жесток судир во кој, според првичните информации, имало повредени на двете страни.

Атина, 04.10.2012 (Макфакс)

Поврзани вести