Градоначалникот Наџински со агенда за посета на урбаните и месните заедници во општина Берово

Градоначалникот на општина Берово во рамките на своето работење постојано одржува средби со жителите на урбаните и месниците заедници во општина Берово.Преку овие директни средби со граѓаните, градоначалникот ги пренесува реализираните проекти во општина Берово, но ги слуша и барањата и проблемите со кои се соочуваат граѓаните со што во програмите на општина Берово се вметнуваат и проекти иницирани од самите жители на општината.
Градоначалникот на општина Берово деновиве беше во посета на неколку улици во Берово каде се извршуваат градежни активности. Увид во работата изврши на започнувањето на изградбата на кружната раскрсница на влезот во Берово и на улица „20“, како и на активностите за изградба на потпорен ѕид на ул.„Бел камен“.
При увидот на градежните активности, градоначалникот разговараше и со жителите од овие улици кои дадоа свои идеи и мислења за реализација на проекти кои би ги подобриле условите за живеење на овие улици.
Средбите со жителите од општината продолжуваат и во периодот кој следува со што градоначалникот најави дека до крајот на декември 2015 година покрај средбата со жителите од урбаната заедница Берово ќе оствари средби и со жителите на сите месни заедници во селските населени места од општината.Преку овие директни средби со граѓаните, градоначалникот ги пренесува реализираните проекти во општина Берово, но ги слуша и барањата и проблемите

Пронајдете не на следниве мрежи: