Улицата 20 – уште еден проект кој започна да се реализира во Берово

Поволните временски услови овозможија започнување на реализација и на проектот преку кој ќе се пробие и изгради улицата „20“ во Берово како еден доста значаен проект за жителите од овој дел на Берово во населбата „Ширината“.Фирмата изведувач започна со обележување и расчистување на трасата по која ќе биде изградена улицата, започнувајќи од спојката на крстосницата со ул.„Вељко Влаховиќ“.
Самиот проект е дел од годишната програма за улици и патишта за 2015 година и истиот предвидува пробивање и изградба на улицата во должина од 580 метри. Коловозната лента од улицата ќе биде асфалтирана во широчина од 6 метри со асфалтен слој АБ11 со дебелина од 5 сантиметри кој ќе биде вграден врз асфалт битуменски носив слој БНС 22 со дебелина од 6 сантиметри и тампонски слој од дробен камен со дебелина од 30 сантиметри.
Изградбата на улицата предвидува и тротоарски површини од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри, како и решавање на одводнувањето на атмосферските води.
За реализација на овој проект од Буџетот на општина Берово ќе се издвојата околу 12 милиони денари.Фирмата изведувач започна со обележување и расчистување на трасата по која ќе биде изградена улицата, започнувајќи од спојката на крстосницата со у

Пронајдете не на следниве мрежи: