недела, 22 ноември 2026
Најново

Полициска станица во Атина нападната со Молотови коктели

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 

Непознати напаѓачи ноќта кон неделата фрлиле Молотови коктели врз полициска станица во близина на Акропол во Атина, соопшти полицијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во близина на полициската станица во еден момент се собрала група од околу 15 лица, кај коишто имало одколу десетина шишиња со „Молотови коктели”. Припадник на обезбедувањето, жена од персоналот на полициската станица, не можела да се справи со напаѓачите. Во нападот, инаку, немало повредени. Оштетени се од огнот две полициски и две цивилни возила паркирани во близина, како и четири мотоцикли.

Нападите врз полициски станици, кои беа чести до неодамна, станаа поретки во последните две или три години. Вообичаено, полицијата претпоставува дека станува збор за ултралевичарски активисти. Претварањата по вакви слични напади, исто така, се ретки.

Макфакс

Поврзани вести