Оваа власт нема капацитет да ги решава ниту локалните ниту националните проблеми

Сакаме да потсетиме на уште едно лажно ветување на СДСМ и поранешниот градоначалник, а денешен премиер Зоран Заев. На локацијата на која се наоѓаме Локалната самоуправа на Струмица предводена од СДСМ веќе дванаесет години ветува изградба на училишна спортска сала во училиштето „Никола Вапцаров”, истакна на денешната прес конференција Владимир Ристов, претседател на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.Дванаесет години ветувања на СДСМ за тоа дека Спортската сала е од големо значење за учениците во оваа основно училиште бидејќи својата настава и спортски активности ги изведуваат во импровизирани училници. Денеска по три завршени и продолжени мандати станува јасно дека ова лажно ветување и следната година нема да биде реализирано за подобар живот на учениците, спортистите и граѓаните на Струмица, рече Ристов и додаде:
-Лицемерието на општинската власт предводена од СДСМ е до толку поголемо што секогаш се жалеа на опструкции од владата, а сега кога тие се дел и од централната власт се гледа дека не им е грижа за овој објект. Разочарувањето е уште поголемо што СДС со ребалансот на буџетот скрати 116 милиони денари за изградба на училишни спортски сали. Младите од Струмица знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги изгради ветените две училишни спортски сали, училишната спортска салата во „Димитар Влахов“ и спортската училишна сала во Куклиш, истакна Владимир Ристов.
Очигледно, додаде тој, дека оваа власт нема капацитет да ги решава ниту локалните ниту националните проблеми и се надеваме дека лажните ветувања и лицемерието применето во Струмица во последниве години нема за долго да биде модел на владеење и со државата.Дванаесет години ветувања на СДСМ за тоа дека Спортската сала е од големо значење за учениците во оваа основно училиште бидејќи својата настава и с

Пронајдете не на следниве мрежи: