Турција:Убиени 18 бунтовници и еден војник

 

Најмалку 18 припадници на Курдската работничка партија (КРП) и еден туркси војник убиени се во офанзивата на армијата во југоисточните делови од државата, соопштија во петокот турскиот воени извори.

Операцијата на војската против бунтовниците започна во средата, откако 10 турски војници и околу 20 бунтовници беа убиени во неделата во провинцијата Ширнак, каде што единица на КРП нападна еден безбедносен центар.

Курдските бунтовници во текот на летото ги интензивираа нападите над турските безбедносни сили во југоисточните делови на Турција, каде што мнозинството население се Курди.

Тензиите се зголемија откако Анкара ја обвини Сирија дека ги поддржува курдските бунтовници, со цел да ја ослаби Турција, која ги поддржува сириските бунтовници.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: