Советникот во Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО ДПМНЕ Битола, Јовица Богоев, излезе со реакција.Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Битолските либерал демократи соочени со претстојните избори од кои толку бегаа заедно со нивните заштитници СДСМ, во безидејност и немање на програма продолжуваат да ја манипулираат и замајуваат битолската јавност со лажно душегрижништво.
Почитувани, Битола е во истата ситуација во која е и целата република Македонија, во онаа криза во која вашите политики и политиките на вашите ментори СДСМ ја држат сите овие месеци. Иронично е оние кои ја вештачки ја наметнаа оваа состојба и ја држеа целата држава во заложништво со цел да ги исполнат исклучиво само своите политички интереси за доаѓање на власт и тоа без избори, сега да ја залажуваат јавноста дека се грижат за граѓаните и за она што се случува во нивното секојдневие.
Доколку се грижевте да излземе од оваа вештачки наметната состојба и малку да Ве интересираше доброто на граѓаните немаше толку да бегате од избори како што бегавте.
Но соочувањето со граѓаните и со нивниот глас мора да се случи, така се прави во демократските општества. Изборите на 11 декември ќе бидат излез од ова заложништво што му го наметнавте на македонскиот народ, и граѓаните ќе ја дадат повторно својата доверба на опцијата која работи и реализира а тоа веќе граѓаните добро го знаат дека е ВМРО-ДПМНЕ без разлика колку небулозни пресови и обиди за дискредитација ќе направите.Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Битолските либерал демократи соочени со претстојните избори од кои толку бегаа заедно с