СДСМ е непријател на медиумите. СДСМ не сака слободни медиуми, туку медиуми над кои има потполна контрола.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ е непријател на медиумите. СДСМ не сака слободни медиуми, туку медиуми над кои има потполна контрола. Затоа СДСМ е противник на европските закони за медиуми и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели.
СДСМ организира хајки, линчови и јавни закани за медиумите кои не се под контрола на СДСМ/Сорос и кои отворено говорат за деструкцијата и незаконското работење на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Сите вакви медиуми кои не се по терк на СДСМ/Сорос за Заев се прогласуваат за политички непријателина СДСМ и за нив се бара цензура, ригорозни казни и одземање лиценци.
За СДСМ единствено добри се медиумите кои се дел од првата Фабрика или од новите Фабрики за афери финансирани од политичкото раководство на СДСМ/Сорос.
СДСМ е сериозен противник на човековите права и слободи на говор и информирање и затоа ќе биде казнет од граѓаните во првиот момент кога ќе престане да бега од избори и ќе собере храброст да се соочи во очи со граѓаните. Носењето на Законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија.
СДСМ како и вообичаено е против секоја реформа. Деструктивната политика на СДСМ може да егзистира само во време на криза. Изборите во декември ќе бидат излез од кризата, а по деструкцијата, Македонија повторно ќе се врати на патот на просперитетот и реформите.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ е непријател на медиумите. СДСМ не сака слободни медиуми, туку медиуми н