СДСМ продолжува со шпекулации, дезинформации и деструктивна политика, продолжува со она што најдобро го знае, или фрла боја по фасади или фрла магла пред очите на граѓаните.Прес конференција на која се обрати Илче Димовски, секретар на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола
Почитувани опозиционери, обидувањето да дискредитирате сѐ што ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи и постигнува нема да Ви ја врати довербата кај граѓаните. Секоја одлука на ВМРО-ДПМНЕ е основана на потребите на граѓаните па така и денешната. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш се води според законските процедури.
Во конкретниот случај се работи за застарување на рокот на физибилити студијата за јавно осветлување изработена во 2012 година и настаната разлика со состојбите на терен. Во изминатите четири години се направени промени на состојбите, постојат локации каде дополнително се поставени светилки, некаде старите се заменети со економични светилки а исто така се преземени и други зафати од страна на Општина Битола.
Од тука крајно нелогично и незаконски е да се продолжи со процедурата без ажурирана физибилити студија. Токму затоа согласно Член 169 од Законот за јавни набавки, Став 1, Алинеја 8, поради новонастанатите непредвидени состојби и промени на условите и потребите на договорниот орган се врши поништување на процедурата. Истото е извршено првенствено земајќи го предвид законот и интересот на граѓаните на Битола.
Почитувани опозиционери кога ги подготвувате Вашите прес конференции и шпекулации, би било добро еднаш да поведете сметка за она што го пласирате пред граѓаните и јавноста. И додека вие продолжувате да ширите шпелукации, ние работиме и ќе продолжиме да работиме за доброто на граѓаните согласно законските процедури на РМ.Прес конференција на која се обрати Илче Димовски, секретар на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола
Почитувани опозиционери, обидувањето д