Продолжуваат паничните и очајни лаги на СДСМ со кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од чинот на финансиски криминал кој го извршија аболицираниот криминалец Зоран Заев, Кире Наумов и раководството на партијата.Попусти се овие обиди на СДСМ со сите оружја од Фабриката за афери да ја манипулира јавноста. За директната штета од 25 милиони евра која им ја нанесоа на граѓаните финансиските терористи од СДСМ ќе одговараат.
Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка.
Наместо овие пари да се искористат за изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, тие ќе завршат во туѓи џебови само поради финансискиот тероризам на СДСМ. СДСМ постојано работи против интересот на граѓаните на Република Македонија, воден од мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
Неодамна во ист ваков чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника аболицираниот криминалец Заев и СДСМ натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати.
Денес аналфабетите за економија од СДСМ повторно одлучија да се „слепи при очи“. Министерството за финансии соопшти дека врати повеќе од 18 милиони евра во стопанството и дека нето задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се приближува кон нула, но СДСМ одлучи да го прескокне овој дел бидејќи е заинтересиран само за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија.
Врв на лицемерие е СДСМ да бара да се укинат аукциите на државните хартии од вредност кога СДСМ ги воведе во 2004 година. СДСМ е против нормалниот механизам на издавање еврообврзници, иако СДСМ ја издаде првата уште во 2005 година. Апсурд до апсурд.
За ваквото антидржавно однесување СДСМ ќе биде жестоко казнет. Сметката ќе ја испорачаат граѓаните на наредните избори.
Попусти се овие обиди на СДСМ со сите оружја од Фабриката за афери да ја манипулира јавноста. За директната штета од 25 милиони евра која