Нема да дозволиме СДСМ која е против интересите на своите сограѓани, против приватниот сектор и инвеститорите, да го запрат развојот на Прилеп

Тоа што го говориме подолго време дека СДСМ нема капацитет да се спротистави на ВМРО-ДПМНЕ со проекти, идеи за развој на Прилеп и дека целта им е уништување на иднината на нашата држава, денес се покажа на дело. Напуштањето на седницата кога се дискутира за Буџетот на општина Прилеп за следната година само покажува бегање од соочување и недостиг на аргументи на СДСМ да одговори на сите проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализира и ги предвидува за нашиот град.Очигледно е дека единствено за што се заинтересирани е да го земат советничкиот надоместок, но не и да присуствуваат на седниците за што се платени и да ги бранат интересите на граѓаните за тоа што и се изгласани.
Нема да дозволиме политичката партија СДСМ која е против интересите на своите сограѓани, против интересите на државата, против медиумите, против банките и против приватниот сектор и инвеститорите, да го запрат развојот на Прилеп 
Граѓаните знаат дека сте специјалисти во затворање на фабрики и бркања на луѓе од работа, па затоа ви порачуваме да ги тргнете рацете подалеку од приватниот сектор и да престанете да ги малтретирате граѓаните. На лагата и се кратки нозете, вели нашиот народ, и на оваа ваша фабрика на лаги и манипулации ќе и дојде крајот за брзо, но запомнете дека граѓаните помнат и ќе ве казнат повторно, по 10-ти јубилеен пат во април 2016 година и конечно ќе ве однесат во историјата. Во тој контекст, имајќи во предвид дека г-динот Велески сака да говори за приватниот сектор и е многу загрижен за економијата која СДСМ ја уништи, би сакале да го запрашаме:
Дали бил и е дел од менаџерскиот тим на Микрон? Дали може да и даде одговор на прилепската јавност за отпуштањето на вработените во компанијата Микрон? Дали г-динот Велески е одговорен за испуштање на стотици наши сограѓани од Прилеп од овој гигант?
Почитувани сограѓани,
Бидете спокојни, ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија и нема да дозволиме безидејноста на опозицијата да ја свлечка Македонија во бездната каде тие пропаѓаат. Нема да дозволиме СДСМ да ги спречи изградбата на нови улици, водоводи, канализации и паркови во нашиот град, нови градинки и училишта, нови автобуси за јавниот градски превоз, нема да дозволиме да ја стопираат изградбата на ново училиште, ниту отворањето на нови работни места или кој и да е друг проект кој е во интерес на градот и прилепчани. Довербата која ни ја давате континуирано, ќе ја оправдаме и следната година со реализација на голем број проекти кои значат решавање на вашите барања и подобрување на нашиот Прилеп.Очигледно е дека единствено за што се заинтересирани е да го земат советничкиот надоместок, но не и да присуствуваат на седниците за што се платени

Пронајдете не на следниве мрежи: