ПОТРЕСНА изјава на возачот кој усмрти девојче во Влае: „До гроб ќе го носам ова со себе“

Возачот на камионот, кој во октомври минатата година прегази 12­ годишно девојче во скопската населба Влае, го призна делото и побара прошка од семејството.Денеска во Кривичниот суд почна судењето на Раде В., возачот кој со камион на 24 октомври минатата година прегази 12­годишно девојче на улицата „Адолф Циборовски“, помеѓу населбите Хром и Влае. Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.
Во своето обраќање пред Судот, обвинетиот со солзи во очите побара прошка од семејството кое беше во судницата, и рече дека би направил сè да го замени местото со нивното чедо. ­
-Верувајте ми чесен судија никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка -­ рече обвинетиот.
Тој му изрази сочувство на семејството и побара прошка од него.
-­ Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот -­ рече обвинетиот.
Во завршните зборови, одбраната му предложи на Судот, на Раде В. да му одреди алтернативна мерка наместо затвор имајќи ги предвид фактите дека никогаш не бил осудуван, се кае за стореното дело и има грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот. Како олеснителна околност при носењето пресуда, одбраната наведе дека обвинетиот има нарушена здравствена состојба, односно проблеми со срцето поради што прима редовна лекарска терапија. Исто така, обвинетиот е единствениот член што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психо­физичко здравје, со дијагностициран тумор и во инвалидска количка.
Во завршните зборови, обвинителот рече дека обвинетиот направил пропусти од сообраќаен карактер и очекува законска судска одлука. Тој му предложи на Судот да определи и казна забрана за управување со моторно возило со оглед на тоа што обвинетиот е професионален возач. Пресудата ќе биде соопштена во четврток.Денеска во Кривичниот суд почна судењето на Раде В., возачот кој со камион на 24 октомври минатата година прегази 12­годишно девојче на улицата

Пронајдете не на следниве мрежи: