вторник, 24 ноември 2026
Најново

Во канџите на УДБА – методите на Чанчаревиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во продолжение на овој текст може да погледнете дел од сведоштвото на охриѓанецот кој сведочи за теророт на УДБА.Откако ме однесоа во првиот стан и крвнички ме тепаа, потоа ме носеа уште во 3-4 стана. И секогаш исто. Ќе ме внесеа навечер, ќе ме врзеа за радијатор и ме тепаа цела ноќ. Таа тортура траеше една недела. Додека ме „испрашуваа“ во становите во Скопје, мојата сопруга на велосипед одеше низ Охрид и ме бараше. И никој не и кажа ништо. Јас исчезнав од овој свет една цела недела.
Потоа ме однесоа во истражниот затвор во Шутка. Таму се сретнав со луѓето со кои ги делевме истите идеали: слободна, независна Македонија. И тие поминале низ истата тортура. А наредбодавците беа истите: Добри Величковски-Циганот и Алекса Чанчаревиќ.
Уште додека ме мачеа во становите пробав да им избегам и да скокнам од терасата. Становите беа на 4-5 спрат и тоа ќе значеше самоубиство. Но повеќе не можев да ја издржам тортурата. Не успеав. Кога ме затворија во Шутка мислев дека од таму нема да излезам жив. Тогаш и напишав писмо на мојата сопруга за да и кажам што да прави понатаму во животот. Животот без мене…Откако ме однесоа во првиот стан и крвнички ме тепаа, потоа ме носеа уште во 3-4 стана. И секогаш исто. Ќе ме внесеа навечер, ќе ме врзеа за радија

Поврзани вести