Димитар Илиевски – Мурато -Прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест

Димитар Илиевски – Мурато 21 IX 1953 – 10. V 1989 – прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест. Бил член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер“ од 1968 година и еден од најголемите македонски алпинисти. Ги освоил сите важни врвови во Југославија, Грција, Бугарија, како и врвовите на Алпите (Мон Блан, Матехорн и Монте Роса).Димитар Илиевски – Мурато (21 IX 1953 – 10. V 1989) – прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест. Бил член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер“ од 1968 година и еден од најголемите македонски алпинисти. Ги освоил сите важни врвови во Југославија, Грција, Бугарија, како и врвовите на Алпите (Мон Блан, Матехорн и Монте Роса).
Во Јужна Америка се искачил на Андите и ги освојува врвовите Чипикалки, Хуаскаран, на  Кордилера Бланка, а во СССР Врвот на комунизмот и Четворјох. Учествувал во Македонската хималајска експедиција „Манаслу 86“ и  „Еверест 89“, кога со Стипе Божиќ од Хрватска и Виктор Грошељ од Словенија го освоиле  највисокиот врв на светот Монт Еверест (8.848 м). При слегувањето останал засекогаш на снежните падини на Хималаите. Постхумно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија.
Димитар Илиевски – Мурато е роден  на 21 октомври 1953 година во Битола. Во градот под Пелистер, тој ја минува својата младост, се образува и како многумина битолчани станува вљубеник во прекрасната планина. Планината Баба со врвот Пелистер го привлекува како магнет и набрзо таа станува негов втор дом. Слободното време го поминува со своите другари во прекрасната природа со која е обдарена оваа планина.
Во 1968 година, Диме Илиевски – Мурато станува член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер“, а во 1972 година  го завршил курсот за планинарски спасители. Вљубеник во височините, тој не се задржува само на Пелистер. Во 1975 година Диме почна да се занимава со алпинизам. Посетува повеќе курсеви и тренинзи на кои го добива звањето алпинист, а подоцна со стекнатото искуство станува инструктор. Пред целосно да му се посвети на алпинизмот, зад Диме останаа многу освоени врвови над 3.000 метри.
Диме и неговите другари набргу ги прават првите планинарски искачувања и ги освојуваат врвовите: Кораб (2848 м), Титов Врв (2793 м.), Љуботен (2499м.), Солунска Глава (2540м.), Кајмакчалан (2521м.) во Македонија. Потоа следуваат Вихрен (2914м.), Мусала (2925м.) и Маљовица во Бугарија, Олимп (2917м.) во Грција, Маглиќ во Босна, Ѓеравица и Копаоник во Србија и Дурмитор и Комови во Црна Гора. Во 1977 година тој ги освојува: Доломити-Мармолада (3342 м) во Италија, и Триглав (2863м), Шкрлатица (2738м), Јаловец (2643м.) во Словенија. Планинарски сојуз на Југославија Диме му доделува признание за совладување на т.н. Југословенската трансверзала (освојување на по два врва од секоја република и покраина).
Меѓутоа, пред македонскиот алпинист Диме Илиевски – Мурато се појавуваат нови предизвици, нови врвови во Европа и светот кои треба да се освојат. За таа цел тој се подготвува на Црвени Стени на Пелистер, потоа на Матка – Скопје и Пакленица – Задар во Хрватска.  Во јули 1979 година,  по темелните подготовки, со другарите за првпат се искачува на највисоката европска планина Монт Блан (4.808 м.). Една година потоа, Диме се обидува да го освои врвот Матерхорн, но лошите временски услови ќе го спречат и тој стигнува само до 4.000 метри. Но, веќе наредната 1981 година, тој повторно се искачува и на 14 август го освојува Матерхорн (4.478). Одлично подготвен, истиот месец, Диме се искачува  на Дуфоршпиц – Монте Роса (4634) и повторно го освојува Монт Блан. Во текот на овие искачувања Диме Илиевски – Мурато се стекнува со огромно алпинистичко искуство.
Како искусен, врвен македонски алпинист, Диме Илиевски станува стандарден член на сите македонски алпинистички експедиции кои се организираат во периодот од 1982 до 1989 година: Македонска алпинистичка експедиција „Анди 82“, Македонска алпинистичка експедиција „Памир 84“, Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу 86“ и Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Мт. Еверест 89“.
Во 1982 година, Диме Илиевски учествува во Првата македонска алпинистичка експедиција „Анди 82“, која ги освојува врвовите: Чупикалки (6.400м.), Северен Хаускаран (6677м.) и Јужен Хаускаран (6768м.) на Планината Кордиљера Бланка  во Перу, Јужна Америка. За време на Втората македонска алпинистичка експедиција „Памир 84“, кога беа освоени врвовите „Пик Четворјох (6.400) и Врвот на комунизмот (7.495 м), Диме и неговиот другар Ѓорѓи Костовски учествуваат во спасувањето на двајца алпинисти од Австрија.
Диме за првпат се соочува со предизвиците на Хималаите за време  на Третата македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу 86“. Во 1986 година, македонските алпинисти се обидуваат по технички тешка насока да го освојат Манаслу (8.156 м), осмиот по висина врв во светот. Меѓутоа, лошите временски услови го попречуваат Диме и неговите другари да се искачат на самиот врв. Тие успеваат да испаднат на седлото, на висина од 7.350 метри, но не и да стигнат до врвот.
Втората шанса да се искачи на Хималаите, Диме ја добива во 1989 година кога учествува во Македонската алпинистичка хималајска експедиција „Мт. Еверест 89“. Овојпат, македонските алпинисти предводени од Јован Поповски за цел го имаат највисокиот врв на светот Монт Еверест ( 8.848м.). На самиот негов роденден, на 10 мај 1989 година, Диме Илиевски – Мурато го постигнува најголемиот успех, освојувајќи го Монт Еверест.
Придружуван од членовите на Македонската експедиција Стипе Божиќ (Хрватска) и Виктор Грошељ (Словенија), како и шерпасите Сонам и Аџива, Диме Илиевски – Мурато го развиори македонското знаме на врвот на светот. Но, Диме никогаш не се врати. При слегувањето останал засекогаш на снежните падини на Хималаите.
Во книгата која ги бележи имињата и земјите од каде доаѓаат освојувачите на највисокиот врв на светот, името на Димитар Илиевски – Мурато од Македонија  е забележано по реден број 264.  На сертификатот издаден од Министерството за туризам и цивилно воздухопловство на Кралската Влада на Непал пишува: „Со ова се потврдува дека Г-динот Димитар Илиевски – Диме од Македонија, Југославија, успешно се искачи на 8848 метри високиот Монт Еверест во 1989 година во пролетната сезона, како дел од Македонската Експедиција на Еверест водена од г-дин Јован Попоски од Македонија, …“
Co тој подвиг Диме Илиевски отиде во вечноста и во светот на спортските легенди.
Димитар Илиевски – Мурато за своите достигнувања на полето на алпинизмот е  носител на повеќе одликувања, награди и признанија меѓу кои: „Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда“ (1984), „Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда“ (1989),„Медал за заслуги за Македонија“ (2008), Награда „4-ти Ноември“ (1979), Награда „11 Октомври“ (1990), Златни значки на Планинарскиот сојуз на Македонија (1980, 1982 и 1984)  и др.Димитар Илиевски – Мурато (21 IX 1953 – 10. V 1989) – прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест. Бил член на Планинарско

Пронајдете не на следниве мрежи: