Писмо од капетанот Вилијам Мартин Лик до лордот Малгрејв, со опис на стратешки места во Македонија, поради можна француска инвазија и одметништвото на Али-паша Јанински

На 31 август го напуштив ова место (Јанина, н.б.)и продолжив за Мезово; откако го оставив десно делот од преминот низ Пинд, што навлегува во големата Тесалиска рамнина кај калабака, ја преминав планината што води преку Горна Тесалија кон Македонија откаде се образува модерниот пат за Солун, преку Гревена, Сијатиста и Вериа. Мој Лорде,
На 31 август го напуштив ова место (Јанина, н.б.)и продолжив за Мезово; откако го оставив десно делот од преминот низ Пинд, што навлегува во големата Тесалиска рамнина кај калабака, ја преминав планината што води преку Горна Тесалија кон Македонија откаде се образува модерниот пат за Солун, преку Гревена, Сијатиста и Вериа. Овој пат го следев од Сијатиста со цел да испитам еден важен премин  до тоа место, а кој води од Тесалија кон Македонија. Оттаму продолжив, од Селитеа за Костур, град што се наоѓа на цврсто утврдено место, на еден полуостров во едно езеро; од Костур продолжив да ги обиколам планините на Македонија, што ја оп-колуваат низиската област на Горна Тесалија се до рамнината на Корча во која се спуштив по еден друг премин не помалку значаен од првиот.
За да се оцени важноста на овие клисури треба да се има на ум дека тие се единствените два отвора низ еден венец од планини што стрмо го сечат копното на северна Грција од Охрид до Лариса, потоа од граничните рамниини на Теса-лија до севе-роисток и север, па според тоа претставуваат една од главните бариери за Грција. Преминот кај Сијатиста доминира над врската помеѓу Горна Тесалија и Македонија, а оној премин кај Цангон меѓу Корча ги поврзува рамнините и отворената теритоерија (која се протега од тој град скоро до Охрид) со рамнините на Тесалија. Доколку непријателот, кој би напредувал по патот Егнација кон Охрид, би го зазел овој премин, тогаш би му овозможил лесно да навлезе во низината што се протега дури до планината Ета….
…Намерата ми беше да продолжам од Берат до Драч, па по должината на целата траса на римскиот пат што се вика Егнација да стигнам во Солун, а оттаму да го завршам патувањето по Тесалија и Македонија. Но војната меѓу јанинскиот и скадарскиот паша, што се водеше на патот по кој одев, неопходноста во вакви прили-ки да се има цврста поддршка и помош од Поратата, а уште повеќе лошата болест што ме фати на патот за Драч, ме принудија подолго да се задржам во Берат и да се вратам овде преку Клисура и Пермете.
Клисура ненадејно се отвора зад една висока планина, низ која реката Виоса си пробила пат и тој премин е со таква природна утврденост што една мала сила  би можела успешно да и се спротивстави на на колкава било војска. Тој се простира во должина од 10 милји до Тепелени и изгледа дека е дел од клисурата  што на древните народи им била позната под името Фауцес Антигоненсес. Реката Виоса од Корча до Клисура тече низ една тесна долина во која може лесно да се влезе од јанинс-ката рамнина крај подножјето на планината Стимфе. Во средина-та на оваа долина се наоѓа градот Пермети, место од голема важност за Али -паша, кој ги држи приодите кон главниот град од северна Албанија преку Берат и од Северна и Североисточна Румелија преку Корча. Затоа тој таму има подигннато една тврдина која…би им дала отпор на недисциплинираните турски единици….
…Не пред многу време дојде до отворен раздор меѓу Али-паша и скадарскиот паша. Нивните трупи се судриле во рамнината кај Охрид, Во таа битка трупите на Али- паша биле надмоќни…
…По неколку дена имам намера, мој Лорде, да го напуштам ова место откако ќе прокрстарам по еден дел од Тесалија и провинциите на Фокис, Беотија и Етолија за да го прокрстарам оној дел на Мореа што ми преостанува да го проучам. Оттаму имам намера да се вратам во северна Грција за да го завршам патувањето по Тесалија и Македонија…” 
PRO -FO 78/57, Turkez. Captain NJ.M. Leake. November 1803 to december 1807; Britanski dokumenti… (1797-1830), t.I,  dok.23, str. 28-32;Мој Лорде,
На 31 август го напуштив ова место (Јанина, н.б.)и продолжив за Мезово; откако го оставив десно делот од преминот низ Пинд, што

Пронајдете не на следниве мрежи: