Пратеникот на Србија во Лондон до Министерот за надворешни работи

Денес го посетив  Г-дин Трикупис, бившиот грчки премиер и имав со него подолг разговор за ситуацијата.
Резултатот од нашиот разговор не е ни малку охрабрувачки.(Лондон, 29 септември 1885 година)
“Господине Министре,
Денес го посетив  Г-дин Трикупис, бившиот грчки премиер и имав со него подолг разговор за ситуацијата.
Резултатот од нашиот разговор не е ни малку охрабрувачки.
Г. Трикупис вели  сосема е јасно дека сите големи сили сакаат и работат да се одржи мирот. Беше зборот за тоа Австрија да ја привлече Србија со испраќање еден корпус на српската граница, а Англија да ја привлече Грција со испраќање една ескадрила во грчките води. По своја прилика ни Австрија, ни Англија нема да прават што се бара од нив. Но факт е дека во Европа  е толкава  загриженоста од источниот заплет што не само ниедна сила нема да сака на Србија и на Грција да им дава ни морална помош, но дека моралната помош на сите нив ќе биде на страната на Турција како страна која никого не предизвикува и се напаѓа.
Сепак, главното и суштествено прашање е: дали Србија и Грција, двете сами, можат со изглед на успех да се впуштат во борба со Турција? Г. Трикупис се сомнева. Тој вели дека Грција нема генерали ни виши и штабни офицери, и дека неј-зината војска нема никакво воено искуство. Тој се сомнева за реултатот од нашата евентуална акција. Сепак смета дека Грција и Србија треба да одат заедно, заеднички добро да размислат за ситуацијата, па заеднички било да влезат во акција, било да демобилизираат.
Јас му го свртев вниманието на неизбежната последица од бугарска унија, т.е. на експлозијата од руско-бугарските агитации во Македонија. Ние токму сега и да се повлечеме назад пред пресијата на големите сили ние за година-две ќе се најдеме во иста, и уште полоша дилема кога бугарските агенти во Македонија ќе прогласат унија на тие земји со Бугарија. Г. Трикупис призна дека е мошне веројатно дека руско-бугарските мини во Македонија ќе прснат уште порано одошто јас мислам, но не знаеше што друго за таквата евентуалност да каже.(Лондон, 29 септември 1885 година)
“Господине Министре,
Денес го посетив  Г-дин Трикупис, бившиот грчки

Пронајдете не на следниве мрежи: