Настан по повод Денот на Европа: „Младите и мобилноста“

Новооснованата европска мрежа на културни институти – EUNIC Skopje има чест да ве извести дека  Британскиот совет, Италијанскиот центар Данте Алигиери, Францускиот институт во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ и неколку Амбасади, в понеделник, 9 мај 2016, од 11 до 14 часот, во ЕУ-МК инфо центар (Плоштад Македонија) организираат настан по повод Денот на Европа.Насловот на прославата на овој ден  е “Младите и мобилноста“, а предвидени се работилници со членките на мрежата EUNIC Скопје на тема како младите да ја подготват мобилноста во Европа, како да напишат CV и мотивациско писмо на повеќе јазици, како да го одредат јазичното ниво и како да дојдат до повеќе корисни информации на оваа тема. Настанот е отворен за сите млади и студенти кои би сакале да го надградат своето школување со студии на европски универзитети.  
 
Настанот се организира со поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ, а присутни ќе бидат многу млади луѓе од различни земји, кои изворно говорат најразлични европски јазици.Насловот на прославата на овој ден  е “Младите и мобилноста“, а предвидени се работилници со членките на мре

Пронајдете не на следниве мрежи: