Африканска жена – портрети на свила: Изложба на Оливија Морелл во Јавна соба

Една несекојдневна ликовна изложба во Скопје, колоритно претставување на африканска култура преку вешто налсикани  портрети на жени. Со почеток во 20:00 часот, денес, Четврток 05.05.2016 во Јавна соба ќе биде отворена изложбата на “Африканска жена” на Оливија Морелл.  Влезот за сите љубители на  ликовната уметност е слободен.Морелл ни го претставува нејзино лично искуство од 7 годишиот престој на карибскиот остров Матиник. Она што ја чини оваа изложба несекојдневна, покрај фактот дека мошне ретко се среаќава африканска уметност во било кој облик во Скопје,  е умешноста на авторот како автодидакт да ја совлада техниката на нанесување текстилни бои на свила.
Оливија Морелл, дипломиран метеоролог – физичар,  инспирирана од нова нова средина и култура целиот свој талент го насочува кон усовршување на новата техника, текстилни бои на свила. “Нанесувањето на боите се прави наспецифичен начин, потребено е се совладаат материјалите, да се познава добро абсорбцијата на свилата, и да се дозира нанесувањето кое се прави со триење од двете страни на свилата”, вели автороката Морелл, која сака своето знаење да го пренесе на младите генерации во Македонија.

По неоколку годишно творештво во 2010 година се пријавува на меѓународната изложба каде добива прва награда од публиката. Овој момент ја окуражува Морелл да започне со нова продукција и промоција на своето творештво. Ова е прва органзирана излзожба на Оливија Морелл во Скопје.
Во Јавна соба изложени се 24 портрети кои се ризница на колорити изразени преку облека и накит, погледи, лица и топлина со која зрачат африканските жени.
Изложбата “Африканска жена” е поставена до 18. мај во Јавна соба. Влезот за сите посетители е слободен.
Снежана Гиевска  –  Агенција Навигаторс
 Морелл ни го претставува нејзино лично искуство од 7 годишиот престој на карибскиот остров Матиник. Она што ја чини оваа изложба несекојд

Пронајдете не на следниве мрежи: