• Eurosport кој е во сопственост на Discovery, ја потврдува својата позиција на „Дом на снукерот“ преку ексклузивен пренос на сите големи снукер турнири, вклучувајќи го и Светското првенство на сезоните од 2016/2017 до 2025/2026.
• Договорот претставува проширување на ексклузивните права во Европа за 18 турнири од World Snooker Tour, заедно со квалификациите за World Ranking Event кој ги вклучува и квалификациите за Светското првенство во Шефилд.
• Договорот ги вклучува и ексклузивните телевизиски и дигитални права за Home Nations Series во Европа*
• Eurosport ги осигура правата и за Indian Open, Paul Hunter Classic, 6 Reds World Championship и Shoot Out (освен за Велика Британија)
Eurosport, World Snooker и IMG danas го објавија десетгодишното продолжување на телевизиските и дигиталните права за пренос на 18 турнири од World Snooker Tour на Eurosport и Eurosport Player, платформа за пренос на содржини во живо и на барање. Договорот ја зајакна позицијата на Eurosport како европски центар на снукерот и љубителите на овој спорт им овозможува следење на најдобрите турнири во живо.
Сите натпревари ќе се пренесуваат ексклузивно на Eurosport на 54 пазари низ Европа.* Како додаток на преносите во живо, гледачите во посебна програма ќе може да уживаат и во коментарите на водечките играчи и ликови од светот на снукерот. На Eurosport Player гледачите ќе можат да изберат и натпревари каде камерите покриваат повеќе натпреварувачки маси.
„Снукерот има страствени поклоници и е важен дел од програмата на Eurosport уште од првиот пренос во 2003 година. Eurosport придонесе во популаризацијата на овој спорт, прикажувајќи ги најдобрите натпревари со коментари од експерти и специјални програми како „Рони О`Саливен Шоу“, изјави Питер Хатон, извршен директор на Eurosport на прес конференцијата по повод Светското првенство во снукер. „Имаме одлични резултати на гледаноста на снукер и сме среќни што може да објавиме дека ќе ги делиме најдобрите моменти од овој спорт и во следните 10 години.“
„Овој долгогодишен договор со Eurosport има големо значење за нашиот спорт. Eurosport одигра важна улога во брзиот раст на популарноста на овој спорт во Европа во последните 13 години и го постави на место на најгледаните спортови. Играчите сега патуваат низ цела Европа и се среќаваат со поклониците на спортот кои снукер прв пат гледале токму на Eurosport . Возбудени сме за развојот што не очекува во следната декада, ќе организираме нови натпреварувања во Велика Британија и во остатокот од Европа и ќе ја продолжиме соработката со тимот на Eurosport за поставување на уште посилни темели на овој спорт“ изјави претседателот на World Snooker, Бери Херн
Адам Кели, шеф на продажбата за EMEA пазарот и шеф на глобалниот развој на SVP IMG media заклучи: „Среќни сме што ја постигнавме нашата цел, а тоа е зголемување на растот и зголемување на популарноста на World Snooker Tour со дистрибуцијата преку Eurosport. Продолжувањето на договорот ќе осигура и продолжување на растот на овој спорт преку опсежните преноси кои Eurosport ги осигурува.
Долгогодишниот мултиплатформен договор вклучува и ексклузивен пренос на инаугурацискиот „Home Nations Series“ кој се состои од Welsh, Scottish, Irish i English Opena.
* Во Велика Британија ќе се прикажат следните турнирите, но неексклузивно: Светското првенство, Masters, UK Championsip и Welsh Open. Правата за Players Championship и World Grand Prix не се однесуваат за Велика Британија.
Eurosport, World Snooker и IMG danas го објавија десетгодишното продолжување на телевизиските и дигиталните права за прено



