Распеаните Мартија, Антонија и Елена приредија спектакл во Скопје

 Вчерашниот први април, Денот на шегата, буквално го крена Скопје на нозе. Уште од раните утрински часови голем број на креативно маскирани деца од основните училишта и градинките го разубавија утрото во Skopje City Mall, каде се одржа најголемото дефиле на маски во главниот град.Убавото расположение, позитивната енергија и смеата траеја во текот на целиот ден, а особено внимание привлече музичкиот дел кој започна од 18:00 часот. Голем број на маскирани деца заедно со своите родители го окупираа најголемиот мол за во живо да ги слушнат распеаните три македонки кои блескаат на сцената на „Пинк ѕвездички“ и важат за потенцијални финалистки и победници во шоуто. Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска и Елена Бимбиловска направија фантастично шоу кое следеше по настапите на на Ребис, Оринџ кидс клуб, Лајф витал и Прима Данца. 

Мартија, Антониа и Елена синоќа без никаков проблем покажаа зошто целиот регион зборува за нивните гласовни можности, а жирито на „Пинк ѕвездички“ после секоја нивна изведба неможе да престане со пофалните зборови. Токму поради нивниот неверојатен талент тие се влезени во 7-от круг на натпреварувањето. Одличната музичка вечер ја заокружи Ања Ветерова, а за време на настапите во Skopje City Mall кружеше фото-патрола која ги овековечи најкреативните маски кои потоа добија вредни награди од Галерија.Убавото расположение, позитивната енергија и смеата траеја во текот на целиот ден, а особено внимание привлече музичкиот дел кој започна од 18

Пронајдете не на следниве мрежи: