Промена на ВМРО за промена на уставното име на Македонија!

Медиумите во регионот известуваа за политичката криза во Македонија која со неколку прекини трае веќе со години, додека во последните година дена позначајно се интензивира со протести, антипротести, како и несогласувања околу предвремените избори и наводната политичка корупција во власта.„Меѓутоа, во последните година дена тезите на опозицијата се рушат како кула од карти. Имено, ниту еден приговор за нелегитимноста на изборите не се покажа како точен, ниту се докажа, иако опозицијата ги контролира државните изборни регулативи, како и министерството за полиција“ – пренесува хрватски „Директно.хр“.
Од друга страна, од влегувањето на министер од опозицијата во техничката влада, една по друга излегуваат конструкциите и аферите кои од опозицијата беа планирани да се пласираат во медиумите низ пара-разузнавачкото подземје.
Како што независните аналитичари ги разоткрија овие тези, се поставува легитимно прашање зошто и покрај приложените докази за конструкции и манипулации, некои странски амбасади и понатаму ги поддржуваат конструкциите на опозицијата коишто доаѓаат од спин-лабораторијата на СДСМ, се прашуваат независните аналитичари.
Одбраната на македонските национални интереси е логичниот одговор на тоа прашање, бидејќи во периодот од 2006 до 2016 година ВМРО-ДПМНЕ имаше низа успеси во одбрана на тие интереси, судејќи според јавното мислење на граѓаните.
Голем дел од Македонците не сакаат да го сменат националното име како што од нив бара грчкиот националистички блок, кој го забранува пристапот во евроатлантската интеграција. Имено, во тоа имаат поддршка и кај дел од бугарската политика која со либералното делење на патни документи сака да го направи тоа што не ѝ тргна од рака на Бугарија во Втората светска војна – да ги побугарчи Македонците.

 
Тивката поддршка пристигнува и од српската политика во блиските кругови на СПЦ, која сите Македонци ги смета за српски православци, но и во делот од косовската и албанската политика која копнее да го оствари планот за Голема Албанија.
Хрватскиот портал наведува дека поголемиот дел од естаблишментот на ВМРО-ДПМНЕ има цврст став кон промената на националниот идентитет, за што пред неколку години имаат добиено и меѓународна потврда на меѓудржавниот суд во Хаг, кој во тужбата на Македонија против Грција го утврди правото на Македонија на сопствено име и идентитет.
Оваа политика се зацврсти во Македонија од 2006 година па до денес, што во дел од дипломатските кругови ја изроди идејата со помош на разни манипулации и улични притисоци да се тргне ВМРО од власт, покрај одличните економски резултати кои владата ги покажуваше на макроекономски план и покрај микроекономските притисоци и потешкотии.
Малкумина се сеќаваат на барањето на Зоран Заев да се скрши ВМРО и да се смени уставното име на Македонија.
Хрватскиот портал наведе дека во наредните денови ќе се објават серија текстови кои што ќе имаат за цел да ја расветлат погубната улога на разузнавачките игри на територијата на Македонија, коишто се косат со волјата на граѓаните и макроекономскиот напредок. „Меѓутоа, во последните година дена тезите на опозицијата се рушат како кула од карти. Имено, ниту еден приговор за нелегитимноста на изборит

Пронајдете не на следниве мрежи: