Имаме чест да ве информираме дека Државниот архив на Република Македонија го објави и третиот дел од проектот „Специјалната едиција на документи верни на оригиналот“.Од големиот број архивски документи чувани во депото на Архивот за третиот дел на едицијата се избрани: 1. Писмо од раководството на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до војводите Кочо, Тане, Леко и Пандил во Леринско, 16 мај 1905 година;2. Потврда за примена награда во знак на благодарност за услуги кон Македонското ослободително дело на Георги Х. Митрев, од Централниот комитет на ВМРО, декември 1925 година;3. Говорот на Панко Брашнаров по повод отворањето на Првото заседение на АСНОМ, 2 август 1944 година;4. Решение за македонската азбука донесено од Народната влада на Федерална Македонија, со објаснување на новите букви и темните гласови во азбуката, дадено од Министерството за просвета на Федерална Mакедонија, Скопје, 16 мај 1945 година;5. Закон за химната, август 1946 година. Проектот почна да се реализира во 2015 година и досега се објавени 16 документи. Едицијата ќе продолжи да се објавува, а сите заинтересирани ќе можат да ги набават ексклузивните копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, но и во сите сувенирници во надлежност на Министерството за култура.Од големиот број архивски документи чувани во депото на Архивот за третиот дел на едицијата се избрани: 1. Писмо од раководс
Пронајдете не на следниве мрежи: