ПроКредит Банка ja шири мрежата на модерни банки и во Гевгелија

Во центарот на Гевгелија, на 16.03.2016, ПроКредит Банка свечено ја отвори новата модерна експозитура, која нуди автоматизирани услуги за претпријатијата и граѓаните од гевгелискиот регион. Зона 24/7 работи секој ден, викенди и празници, а експозитурата секако нуди и советодавни и останати банкарски услуги во работното време на советниците за клиенти на банката.Директорот на Бизнис Секторот во ПроКредит Банка – Стевче Кузмановски изјави:
„Важиме за најдинамична и модерна банка во Македонија, зад која стои 100% германски капитал и 100% сигурност и стабилност. Први на македонскиот пазар воведовме модерно и практично банкарство достапно за Вас 24 часа на ден. Веруваме дека ќе бидеме партнер за Вас и Вашиот Бизнис и ќе градиме цврста и долгогодишна соработка со сите Вас тука во Гевгелија и околината.“

 
Заменик амбасадорот на Р.Германија – Ханс Хелге Зандер и градоначалникот на општина Гевгелија – Иван Франгов со почесни говори го поддржаа проширувањето на услужната мрежа на ПроКредит Банка, а на настанот беа присутни, клиенти на банката, соработници и граѓани од регионот на Гевгелија.
Настанот беше заокружен со донација на речници и англиска литература на градската библиотека – Гоце Делчев во Гевгелија. Директорот на градската библиотека во Гевгелија, Дамјан Ѓуров лично ја прими донацијата и изрази голема благодарност до банката.
Со оваа експозитура ПроКредит Банка е достапна за бизнисите и населението во Македонија на вкупно 23 локации преку кои нудат модерна банкарска услуга 24 часа на ден.Директорот на Бизнис Секторот во ПроКредит Банка – Стевче Кузмановски изјави:
„Важиме за најдинамична и модерна банка во Македонија,

Пронајдете не на следниве мрежи: