Audi го претстави најмоќниот SUV од семејството Q7

Иновации кај моделот „Audi SQ7“:
– Прв S модел во семејството на Q7
– Прв во светот: компресор со електрично напојување
– Ново во Audi: врвни перформанси, 48-волтажен електричен потсистем и електромеханички активен стабилизаторГерманскиот производител на автомобили Audi пред јавноста ja претстави најмоќната дизел верзија на новата генерација од SUV моделот Q7. За оваа титула на „Audi SQ7“ најголема заслуга има новоразвиениот 4.0 литарски TDI V8 мотор oпремен со електричен компресор кој Audi првпат го вградува во свој сериски автомобил.
Според првичните реакции на јавноста, техничките карактеристики на SQ7 во секој поглед ја надминуваат конкуренцијата. Новиот TDI дизел мотор на овој SUV му дава извонредна моќност од 435 КС (320 кW) и вртежен момент од 900 Nm, со што поставува нови стандарди во својата класа. Со овие перформанси успева да развие брзина од нула до 100 километри на час за само 4,8 секунди, а горната граница на брзината е лимитирана на 250 километри на час.
И покрај големата моќност, просечната потрошувачка на гориво на SQ7 е само 7,4 литри на 100 километри, што одговара на емисија на CO2 од 194 грама на километар.
– Следејќи го промовирањето на успешниот модел SQ5, сега го развивме концептот на дизел S модел од семејството Q7. Новиот SQ7 со V8 TDI мотор ја достигнува истата потрошувачка како и моторот со шест цилиндри. Новите технички решенија на електричниот компресор вграден во SQ7 TDI го одвојува од конкуренцијата, со што Audi уште еднаш ја нагласи својата напредна технологија – изјави Штефан Книрш, член на одборот на директори за технички развој на Audi AG.
Кај новиот 4.0 TDI мотор се комбинираат најдобрите перформанси на класата со мала потрошувачка на гориво, но со загарантирана максимална динамика. Електричниот компресор што е вграден во овој модел за првпат се вградува кај автомобил од сериско производство и тој силно го поддржува 4.0 литарскиот TDI мотор. Инсталацијата на електричниот компресор од 7 KW заедно со двете постоечки класични турбини помага моторот дополнително да ги елиминира дополнителна сила кои се јавуваат при мал број вртежи.
Двата турбокомпресори за издувни гасови се активираат селективно според концептот на секвенцијално полнење со оглед на тоа дека издувните струи само низ еден турбокомпресор при ниско и средно оптоварување. Втората турбина се активира само при високо оптоварување. Електричниот компресор ја зголемува работата на двата турбополначи, особено при работа на моторот на долна граница на брзина, со што овозможува извонредно динамични перформанси.
Моќниот 4.0 TDI мотор на Audi SQ7 соработува со силни партнери. Доказ за тоа е неговото однесување на патот, од екстремно удобно возење на автопат до динамично справување со препреките на ридски терени. Специјално за овој модел, инженерите на „Audi“ го модифицираа автоматскиот менувач со осум степени, што овозможува преносот да се одвива побрзо од претходно. Притоа, моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на системот „Quattro“, систем кој е составен дел од брендот Audi. Тој е компактен, лесен и се поврзува токму со системот за контрола на суспензијата.
Технологијата на лесната конструкција на автомобилот соодветно е применета и возилото во најголем дел е изработено од алуминиум. Електромеханичкиот серво управувач и системот за сопирање доаѓаат како стандардна опрема. Краток период по лансирањето на пазарот, опционално за овој модел ќе биде достапен и систем за сопирање со екстра лесни јаглеродни керамички дискови. Овој SUV на Audi е поставен на 20-инчни алуминиумски фелни и гуми со димензии 285/45.Германскиот производител на автомобили Audi пред јавноста ja претстави најмоќната дизел верзија на новата генерација од SUV моделот Q7. За ова

Пронајдете не на следниве мрежи: