Наместо во кафеана во фитнес сала: Бесплатни тренинзи за сите дами

Скопје (16.03.2016) Најпознатата фитнес апликација N+TC, изминатата недела беше главна атракција помеѓу припадничките на понежниот пол, за време на бесплатната тренинг сесија, која се одржа во Synergy Fitness & Spa. 
Насмеани и расположени женски лица, подготвени за вежбање под палката на Едина Муса и Стојка Спиридоновска, две од најпознатите фитнес инструкторки во Македонија, беа дел од оваа глетка во најдобриот фитнес центар во Скопје.
Фокусирајќи се на различни фитнес вежби, присутните дами буквално го размрдаа целото тело и успеаја да „притиснат“ до границите на издржливоста.

N+TC од минатата недела е повторно поблиску до жените, каде во фитнес центарот Synergy Fitness & Spa е отворена ретка можност за сите претставнички на понежниот пол да имаат бесплатни тренинзи во термините: секој вторник и четврток од 20:00 часот.
Сите девојки и жени се поканети секој вторник и четврток во Synergy да се пријават и да уживаaт за време на бесплатните тренинзи согласно специјалната женска програма на Nike Traning Club.
  
Насмеани и расположени женски лица, подготвени за вежбање под палката на Едина Муса и Стојка Спиридоновска, две од најпознатите

Пронајдете не на следниве мрежи: