Скопските автобуси пукаат од здравје заедно со ДНК

Скопје (15.03.2015) Македонското популарно музичко дуо ДНК е познато по блискиот контакт со своите обожаватели и фанови, но и по промовирањето на здравиот начин на живот и здравите навики. Во духот на здравите навики, денеска, Панчо и Андреј ги изненадија Скопјани откако во текот на денот се возеа со брендираниот автобус на ЈСП со Здравје + и на граѓаните им го поделија новиот функционален јогурт на Здравје Радово. Многу насмевки и прекрасна атмосфера беше сликата која денеска можеше да се забележи во скопските автобуси, каде граѓаните уживаа во друштво на ДНК и Здравје Радово. 
„Јас и Андреј постојано напомнуваме колку навистина е важно да се води здрав живот и да се внимава што јадеме, бидејќи во ова неверојатно брзо секојдневие во кое секој некаде брза да стигне, има многу малку време за да се внимава на здравјето и на јадењето. Токму поради тоа одлучивме да ги изненадиме денеска сите оние кои што се возат во автобусите на ЈСП со подарок – новиот функционален јогурт на Здравје Радово, Здравје +.

Бидејќи последните неколку месеци ние го подготвуваме новиот албум на ДНК скоро и да немаме слободно време за нешто здраво да си спремиме за јадење, па одлично ни доаѓа новиот јогурт, кој навистина не раздвижува, ни дава виталност, енергија и хармонија“. Денеска со Андреј уживавме во дружбата со граѓаните и се радувам што успеавме да изнудиме насмевки на нивните лица и притоа споделивме совети за здравјето и ги објаснивме сите придобивки на Здравје +, изјави Панчо кој додаде дека ДНК и Здравје Радово ќе се трудат и во иднина да го стимулираат возењето со јавен градски превоз.

Здравје + јогуртот е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје во деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје.

  
„Јас и Андреј постојано напомнуваме колку навистина е важно да се води здрав живот и да се внимава што јадеме, бидејќи во

Пронајдете не на следниве мрежи: