Под мотото Играј за забава, Државна видеолотарија на РМ реализираше убаво пладневно дружење во Арт Картинг Центарот, кај СЦ Борис Трајковски. Настанот го збогатија нашите гости, тимот на Државна лотарија на РМ кои доделија два автомобили на играчите на Инстант Лотаријата Седма Брзина и Твингоманија, како и медиумите и неколку успешни личности од Македонија.За тимот на Државна Видеолотарија, 2015 е успешна година. На самиот почеток, во јануари ги стартувавме првите терминали на ВЛТ апаратите кај нашите деловни соработници ширум Македонија. Досега се поставени 800 терминали, а согласно планот, предвидено е да ја достигнеме бројката од 1300 активни ВЛТ апарати на почетокот на 2016. Видеолотариските игри на среќа се особено актуелни за играчите, во моментов, но според нашите сознанија, во периодот кој следи, онлајн игрите би требало да го преземат приматот на интерес кај играчите на игри на среќа.
Токму затоа, во април, Државна видеолотарија на Република Македонија официјално ја стартуваше платформата за интернет игри на среќа 2win.mk, прва од овој тип во Македонија. Платформата беше активирана во јануари, а во периодот од првите три месеци играчите имаа можност да ги пробаат игрите како дел од тест периодот, без да се регистрираат.
До овој момент, 11 декември ги исполнивме нашите очекувања, располагаме со 2150 регистрирани играчи, кои на платформата можат да одберат спортско обложување или казино игри како дел од нашата понуда. Следејќи ги потребите на пазарот, посебно барањата на нашите играчи, нашата понуда на Интернет платформата 2win.mk ја реализиравме низ неколку етапи. Во првата фаза го имплементиравме она што го бараа играчите, според нашите анализи. Нивните барања во најголем дел се однесуваа на обложување и казино игри, па токму тоа беше интегрирано на нашата играчка платформа.
Понудата од игри на среќа и на играчката платформа и на ВЛТ апаратите, вклучува над 40 игри. Во следната фаза, според директорот на Државна видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски, реализирана е можноста за играње од сите мобилни уреди, во пакет со понудата за обложување во живо.
„Денес, како што и сите можевте да пробате на ова дружење, нашите Интернет игри на среќа, може да ги играте од сите мобилни уреди, андроид или паметни телефони, таблет, лаптоп, со што практично ова опција е достапна за сите наши потенцијални играчи. Граѓаните на РМ ќе може да се забавуваат, притоа не напуштајќи ја удобноста на сопствениот дом или некое друго место, каде се лоцирани моментално, користејќи го комодитетот кој го обезбедуваат мобилните уреди, без оглед на тоа каде се наоѓаат.“- изјави Кузмановски.
Нашата мисија е да бидеме и општествено одговорна компанија. Во 2015 веќе реализиравме неколку проекти, а оваа убава пракса ќе ја практикуваме и следната година, планираме да ги помогнеме младите кадри кои имаат потенцијал. Согласно светската регулатива за одговорно играње, ќе настојуваме, како во 2015 и во 2016 да ги практикуваме стандардите за одговорно играње.
Наша цел е платформата 2win.mk и ВЛТ терминалите, покрај понудата за забава, да понудат сигурност и доверливост за играчите во секое време.За тимот на Државна Видеолотарија, 2015 е успешна година. На самиот почеток, во јануари ги стартувавме првите терминали на ВЛТ апаратите кај нашите