Фибула травелс – Македонија: Волшебни изненадувања во Белек и Кемер

Белек е центарот на ресорти. Хотелот „Адам и Ева“ е уште едно волшебно изненадување.ХОТЕЛ „АДАМ И ЕВА“ РАЈ ЗА ПАРОВИ
„Овде нема да видите ништо „послабо“ од „мерцедес“ или „БМВ“.На влезот ве пречекува преубава млада девојка, која во само десет минути ја слушате како зборува руски, турски и англиски јазик.
Хотелот е на 45 км од центарот на Анталија, на 35 км од аеродромот. Отворен е 2006 година а мината година е реновиран. Има 478 соби, главен ресторан, слаткарница, снек-бар, 7 ресторани „а ла карт“ (Mezes, International, Eros,Şark-I, Arigato, Blind (вечера во потполн мрак) и Basilico), како и 7 барови (Cheer, Sunset, Regular, Beach, Atrium, Show center, Lab Disco).
ОГЛЕДАЛА И ЈАБОЛКА
Холот на хотелот е сиот во огледала и стакла, а ако само малку ја поткренете главата нагоре ги гледате обесените зелени грмушки со јаболка. Јаболкото е заштитен знак на хотелот, нешто што се подразбира по името, па зелените грмушки ги гледаме на сите страни.
Девојката ве упатува во внатрешноста на хотелот, во една од собите каде сè е наместено во бела боја со црвени срциња и со други црвени детали. Од глетката констатирате, секој што има малку подобар стандард, ресортот е за трендсетерите со престиж да поминат меден месец, викенд или одмор токму во овој хотел.
ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА
Базенот е горе, некаде рамно со повисоките спратови, а наоколу има прекрасна глетка кон Медитеранот на едната страна и кон околните хотели на другата страна, кои исто така изгледаат преубаво. Она што ќе ви падне во очи додека разгледувате е тишината, како да нема жив човек во хотелот, а всушност беше полн со гости…

ХОТЕЛ „СИАМ ЕЛЕГАНС“
Градба во црвена боја со златни куполи во типичен кинески стил..На самиот влез ве пречекуваат фигури во кинески стил. Внатрешната е исто, типична за таа култура, па за миг го губите чувството дека се наоѓате во Турција.
НА БАЗЕН
Утрото по обилниот појадок ги добивате и потребните податоци за хотелот. Се наоѓа во регионот Богазкент. Оддалечен е 40 км од аеродромот во Анталија. Има вкупно 523 единици распоредени во три згради. Сите соби и апартмани се комплетно опремени. Услугата е 24 часа Ultra all inclusive на база на шведска маса. Главниот ресторан е Samui, а тука се и La Luna (италијански), Khun Maei  (кујната од Далекиот Исток), Sarai (рибји), суши-бар, снек-ресторан, барот Pattaya, и Café Chai. Има и сè останато – лекар, хемиско чистење, чување деца, шопинг-центар, фризер… Отворен и затворен базен, базен за деца… Сопствена плажа, тобогани, сауна, турско купатило, можности за многу спортови…
ГРАДОТ АНТАЛИЈА
Срцето на оваа област, каде што се предвидени неколку часа разгледување на градот. Анталија е двомилионска метропола околу која орбитира Тиркизната ривиера.
Во центарот на градот се наоѓа Калеичи, стар историски центар со фортификации, од кои се одвојува прекрасната и позната Адријанова капија. Во центарот на градот е Саат-кулата. Градот е и центар за шопинг, бидејќи има неколку модерни шопинг-центри. Најпопуларен е Migros Shopping Center.
Во близината на градот се и најпознатите плажи – Конјалти на запад, а Лара на исток. Во близината  на градот се и античките ископини Перга, чии артефакти можат да се разгледаат во музејот во Анталија, но и во музејот Пергамон во Берлин.

ХОТЕЛ „ГОЛДЕН ЛОТУС“
Дијамантот на Турција е градот Кемер. Тука е и хотелот „Голден лотус“ со прекрасни соби. Хотелот е на самата плажа, кој делува толку пријатно и семејно, како да сме биле цел живот во него, а престојувавме само неколку часа. Има 4*, но внатре сè е пријатно, убаво, чисто… Собите прекрасни, пространи, со поглед на море.
СТАНДАРДНИ УСЛОВИ
Хотелот „Голден лотус“ е во центарот на Кемер, на 55 км од аеродромот во Анталија. Има 130 сместувачки единици, комплетно опремени. Услугата е All inclusive на база на отворено бифе, изборот на храна е солиден. Има отворен и затворен ресторан и Лоби-бар кој работи од 10.00 до 24.00 часот.
Останатото е стандард. Отворен базен и базен за деца, фитнес центар, сауна, џакузи, турска бања, парно купатило, лежалки и сонцобрани не се наплаќаат за гостите. Можност за спорт. Посебно се плаќа за масажа, спортови на вода, билијард, пикадо… И овде, како и во сите претходно посетени хотели, најмногу гости има од Русија и Германија, но и од останатите западноевропски земји.

ГРАДОТ КЕМЕР
Имате само пет минути или 400 метри до Центарот на градот. Долгата улица е преполна со продавници, дуќанчиња за сувенири, па и бутици на познати брендови. Шетате долж улицата, а по извесно време поминато во пешачење и разгледување, застанувате на едно одмориште сред улицата, со дрвени клупи. Седнувате. И овде ве изненадува турската љубезност и гостопримливост. Сопствениците на дуќаните ве запознаваат и веднаш ве послужуваат со турски чај. Во разговор ви раскажуваат за градот, за ноќниот живот, за најпознатите диско-забави и светски диџеи кои доаѓаат овде и организираат журки.
Во Кемер може да уживаат сите генерации има буквално забава 24-7 за секој.ХОТЕЛ „АДАМ И ЕВА“ РАЈ ЗА ПАРОВИ
„Овде нема да видите ништо „послабо“ од „мерцедес&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: