Стопанска Банка АД Скопје оствари најдобри полугодишни резултати во текот на своето долгогодишно работење

Менаџментот на Стопанска Банка АД Скопје  со задоволство ги објавува најдобрите полугодишни резултати кои Банката ги има остварено во текот на нејзиното долгогодишно работење.Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015 година изнесува 1.105.953 илјади денари, и во споредба со истиот период од мината година е повисока  за 34,9%. Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал(RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво. Посебно се нагласува фактот дека, и депозитната основа, и квалитетот на кредитното портфолио, се на многу задоволително ниво, и овозможуваат нови перспективи и можности за натамошно реализирање на успешни перформанси од аспект на добивката, капиталот и ликвидносната позиција на Банката во наредните години.
Како продолжение на истата стратегија, која се применува во сите изминати 15 години, Стопанска Банка и оваа година ја задржа остварената добивка во својот биланс, со цел за натамошно зајакнување на капиталната позиција, создавајќи поголеми можности за ефикасна поддршка на економијата, следствено, како што постапуваше во сите изминати години.Во овој контекст, последното Собрание на акционери на Банката одржано во Јули, 2015 година, донесе одлука значителен дел од добивките реализирани во текот на минатите години, поточно ЕУР 35 милиони во денарска противвредност, да се пренесе во регулаторниот капитал на Банката, со што стапката на адекватност на капиталот се зајакнува уште повеќе и изнесува 17,7%.
Овие резултати на Стопанска Банка остварени во првото полугодие од 2015 година уште еднаш јасно ја рефлектираат долгорочната определба и довербата која Банката ја ужива во целата заедница, особено од страна на клиентите – физички и правни лица. За менаџментот и вработените на Банката ова остварување е уште една појдовна точка за исполнување на следните уште поамбициозни цели, кои од оваа Банка, како еден од носечките столбови на економијата, ги очекуваат клиентите, акционерите, вработените и пошироката заедница.Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015 година изнесува 1.105.953 илјади денари, и во спор

Пронајдете не на следниве мрежи: