Фибула травелс – Македонија: Белек – медитерански раскош

Анталија е област која секој миг те изненадува со некоја убавина, а во второто издание токму ви го претставуваме сиот медитерански раскош.Белек – центар на ресорти 
Белек е урбана целина во рамките на дистриктот Серик со 51.000 жители, каде се поврзани четири населби, од кои Белек е најголемата.
Таму има плажа долга 15 км со златен песок и тоа е еден од најголемите туристички центри на Медитеранот, каде се сместени повеќе од 30 раскошни ресорти со 5 ѕвезди. Белек е и најголем центар за голф, чии терени им се познати на љубителите на овој спорт низ целиот свет . Во близината на Белек се водопадите Куршунли, каде живеат повеќе од 150 видови птици. Тука е и големиот амфитеатар во Аспендос. Во Центарот на Белек има три булевари, кои се вистински рај за шопинг. Од Анталија е оддалечен 30 км, а од аеродромот само 25 км.

Хотел „Суено“ или „град во град“ 
Хотелот „Суено делукс“, оддалечен само 3 км од Кадри, 5 км од Белек и 30 км од аеродромот во Анталија. Сместен е помеѓу два голф-терени. Хотелот е вистински „град во град“. Се простира на 1.410.000 m2 и – нема што нема!
Уште на самиот влез забележувате огромни фонтани, стилски наредени, и две асфалтирани патеки, кои од двете страни водат до влезот во хотелот. Од левата страна се гледа цел забавен детски парк во весели бои опремен со седалки, лулашки, жица за спуштање…
Она што се гледа од надвор не е ништо спрема убавината и луксузот што ги има внатре. Хотелот има 426 соби и апартмани, главен ресторан, 6 ресторани „à la carte“, 12 барови, слаткарница, амфитеатар, дискотека, а за деца посебно детски лолипоп мини-клуб, мини-кино, мини-театар, мини-диско… 
Плажата е сопствена, со песок и камчиња, долга 220 м. Има свое пристаниште, а над него се вее знаменцето на ЕУ, кое е знак дека морето е исклучително чисто 
И сè останато е над сите стандарди. Луксузни соби, сите целосно опремени, мини-бар, луксузни пијалаци… И да не набројуваме, само да кажеме дека сè е прва класа. Бидејќи колку и да се опишува, зборовите се малку, ако не се види оваа убавина.

Луксуз над луксузот – „Калиста Луксури Ресорт“
„Калиста“, хотел со пет ѕвездички, вистински убав и луксузен, и на исти ранг како и претходниот „Суено“. Холот на хотелот има интересен под, кој особено се забележува ако го набљудувате од погорните спратови. Овде, ќе бидат сместени повеќето од претседателите на светските сили на претстојниот светски самит групата Г 20. Веќе тоа зборува за каков луксузен објект се работи. Огромниот апартман, кој потсетува на целосно опремен стан – од работни соби па се до неколку купатила и тераси со поглед на прекрасната околина за една вечер престој се плаќа по 3.000 евра.
Тајната на успехот на овој хотел е неменување на персоналот. Луѓето што работат овде се проверени, работат долго време и тие ги учат желбите на гостите. Затоа и гостите се враќаат повторно овде. 
Податоците за местоположбата на „Калиста“ се исти како и за „Суено“ бидејќи се еден до друг. „Калиста“ има 538 сместувачки единици во седум хотелски блокови, т.н. претседателски апартмани, кралскиот апартман и 14 вили. Сопствена плажа, базени, спортски терени… Што повеќе да набројуваме? Ова треба да се види и да се доживее. 

Хотел со зеленило – „Лимак Атлантис“ 
Хотелот „Лимак Атлантис“ се наоѓа во истиот регион, на 35 км од аеродромот во Анталија. Помал од претходните. Има 373 сместувачки единици, распоредени во главната зграда и ресорт-зградата. забележливо е зеленилото на сите страни, што нуди пријатна атмосфера. И овој хотел делува ако семеен хотел, во кој би посакале да се сместите со вашите дечиња. Рускиот јазик се слуша од сите страни, а луѓето што поминуваат се претежно семејства со деца.
Услугата во хотелот е ултра-ол-инклузив со самопослужување, изборот на храна е голем, избор на пијалаци и домашни и странски.
Рестораните за храна се Пинеа, А ла карте, Династи (турски), Ла кучина (италијански), Посејдон (морски), Ел Сагуаро (мексикански), Сушида (јапонски).. 
Хотелската плажа е приватна, песочна. Лежалките и крпите за гостите не се наплатуваат. Забава, спорт, чување деца, спа и велнес центар…
Ве очекуваме да бидете од летните авантури на Турција преку Фибула Травелс Македонија.Белек – центар на ресорти 
Белек е урбана целина во рамките на дистриктот Серик со 51.000 жители, каде се поврзани че

Пронајдете не на следниве мрежи: