Даниел Кајмакоски ја промовираше и српската верзија на 10 лета- „Деценије“

Една недела по промоција на првиот сингл 10 ЛЕТА, Даниел ја промовираше и српската верзија со наслов “Деценије”.  Премиерно песната беше изведена во емисијата Ами Г шоу во редовниот термин вторник навечер, по што утредента следеше и радиска премиера на Накси Радио (Белград).“Сите мои наредни проекти ќе имаат македонска и српска верзија, бидејќи публиката и фановите кои ме поддржуваа и сеуште поддржуваат во Македонија и во регионот го заслужуваат тоа” – изјави денес Даниел Кајмакоски при гостувањето на утринската програма на Пинк телевизија.
Автор на песната (музика и текст) е Александра Милутиновиќ, за аранжманот и продукција  беше задолжен Дарко Димитров.
Како и “10 Лета”, така и “Деценије” е промовирана заедно со видео спот кој само треба да го дополни уживањето во песната и дополнително да ги освои фановите во регионот.
Уживајте во “Деценије” : https://www.youtube.com/watch?v=zucN-SrI6qg
 “Сите мои наредни проекти ќе имаат македонска и српска верзија, бидејќи публиката и фановите кои ме поддржуваа и сеуште поддржуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: